ДАРУВАЊЕ НА ИКОНИТЕ

ДАРУВАЊЕ НА ИКОНИТЕ
Почитувани верници!
Во недела, на 19 јануари, по повод празникот „Крштевање на Нашиот Господ Исус Христос – Богојавление“ (Водици), Катедралната црква „Св. Климент Охридски“, по завршување на Литургијата ќе биде домаќин на годишното дарување на иконите.
Оваа година, ќе ја аукционираме нашата нова колекција од преку 100 икони кои го заокружуваат календарскиот (литургиски) циклус на празници. Новата колекција на икони е особено збогатена со вклучување на поголемиот дел од македонските светители, додека се стандардизираат големината и квалитетот на иконите.
Периодот после Водици е прекрасна можност да ги повикате вашите свештеници да ги благословат вашите домови. Преубав чин во којшто учествува целата фамилија. За повеќе информации за благословување на домот или за закажување, ве молиме обратете се на парохиските свештеници о. Сашо Целески (437-225-0962) и о. Александар Тодоровски (647-801-9915).
Новата колекција на икони можете да ја погледнете со кликнување на „Каталогот на икони“. За секоја икона е изработено кратко житие на светителот или појаснување на празникот. Не заборавајте дека сите дарувани икони се задолжени и истите задолжително треба да ги вратите пред дарувањето за следната година.




