
ИСТОРИЈА
Женската секција е основана како дел од Македонската Православна Црква “Свети Климент Охридски” во раните 1960-ти, кратко откако “Свети Климент Охридски” е регистрирана како прва Македонска Православна Црква во Канада. Женската секција, заедно со верското, културното и просветното друштво, зазема посебно место во нашата македонска заедница.
Идејата за формирањето на Женската секција е на Луба Нешевич, која работејќи со многу други жени од нашата заедница овозможија да се формира Женската секција на “Свети Климент Охридски”.
Луба Нешевич и Мери Кондоф заедно со Зорка Басил, Лефи Нешевич и многу други подеднакво мотивирани жени, се основачи на Женската секција чија цел е да создадат заедница на волонтери која ќе ја поддржи нашата црква, конгрегација и заедница. Нивната позитивна енергија, ентузијазам и љубов во волонтирањето се дел од секој концерт, банкет, религиски празник или настан.
Во 1963-та година, Мери Кондоф била избрана за прва претседателка на Женската секција. Женската секција организирала различни настани за прибирање на финансиски средства како продавање на топли печива, базари и ручеци за прослава на религиозни празници. За Велигден, најважниот македонски православен празник, Женската секција прави цветни венци за украсување на црквата и бојадисува јајца, кои ги подарува на членовите на црквата по црковната богослужба.
Од 1966-тата година, Женската секција организира Митровски базар, кој се одржува во неделата најблиску до празникот Митровден, на 8-ми ноември. Со овој базар, Женската секција се стреми да ја зачува нашата традиционална кујна преку понудување на различни македонски печива како пити со спанаќ и сирење, кифли, колачи и други печива направени од вештите раце на членовите на Женската секција.
Низ годините, Женската секција организирала дополнителни настани како понеделничко вечерно Бинго, распродажби, божиќни забави и модни ревии, исполнувајќи ја целта не само за прибирање на финансиски средства, туку и за креирање на чувство на заедница. Покрај овие настани, Женската секција организирала и патувања за посета на женски секции во другите македонски православни заедници во Канада и Америка.
Во 1980-тите и 1990-тите, Торонто ја прослави својата меѓународна и мултикултурна разноликост преку еднонеделната прослава наречена “Караван“. Благодарејќи на напорната работа на членовите на Женската секција и на Административниот совет, македонската култура заедно со многу други етнички заедници во Торонто, беше прикажана преку традиционална облека, храна, музика и танц.
Низ времето, Женската секција на “Свети Климент Охридски” еволуираше, но нејзината главна основна премиса и посветеност за зачувување и славење на нашата култура, остана непроменета.
| 1963 – Мери Кондоф | 1979 – Гордана Ристевски | 1995 – Вера Белчевска | 2011 – Горица Попоска |
| 1964 – Нора Томас | 1980 – Нада Стојчевски | 1996 – Рада Видиновска | 2012 – Весна Амиконе |
| 1965 – Ратка Шапас | 1981 – Драгица Ристовски | 1997 – Менка Кринчевска | 2013 – Рада Видиновска |
| 1966 – Пат Џорџ | 1982 – Драгица Ристовски | 1998 – Трајанка Бакаловска | 2014 – Лидија Браснарски |
| 1967 – Лена Стенвик | 1983 – Александра Стојковски | 1999 – Tрајанка Бакаловска | 2015 – Лидија Браснарски |
| 1968 – Елка Георгиевски | 1984 – Дана Глобоцки | 2000 – Нада Стојчевски | 2016 – Даница Кристов |
| 1969 – Трајанка Талевска | 1985 – Драгица Ристовски | 2001 – Марина Атанасовска | 2017 – Марина Атанасовска |
| 1970 – Цена Гивенс | 1986 – Вера Петревски | 2002 – Марина Атанасовска | 2018 – Лидија Браснарски |
| 1971 – Блага Мангова | 1987 – Слободанка Христова | 2003 – Јадранка Стојановска | 2019 – Марина Атанасовска |
| 1972 – Лефи Нешевич | 1988 – Рада Димовски | 2004 – Јадранка Стојановска | 2020 – КОВИД-19 |
| 1973 – Ратка Шапас | 1989 – Фана Плетерска | 2005 – Блага Главота | 2021 – Ирена Шопов Караулис |
| 1974 – Ратка Шапас | 1990 – Лена Таскас | 2006 – Менка Кринчевска | 2022 – Ирена Шопов Караулис |
| 1975 – Петси Сајдер | 1991 – Донка Трифуновска | 2007 – Менка Кринчевска | 2023 – Ирена Шопов Караулис |
| 1976 – Гордана Ристевски | 1992 – Вера Јанкуловска | 2008 – Слободанка Стојановски | |
| 1977 – Ратка Шапас | 1993 – Лила Петревски | 2009 – Весна Амиконе | |
| 1978 – Вера Чумандра | 1994 – Рози Стергиу | 2010 – Марина Атанасовска |
НАСТАНИ
Настани организирани од Женската секција:
5-ти јануари – Коледе (ден пред Бадник)
- Женската секција ја негува старата традиција на подготовка на печени костени и други задоволства за децата од нашето Неделно училиште, како и нешто за возрасните членови.
7-ми јануари – Божиќ Нашиот православен Божиќ се слави со Божиќна забава за деца, вклучувајќи посета на Дедо Мраз.
- Мини продажба на печива.
14-ти јануари – Стара Нова Година
- Женската секција прави пита со паричка. Личноста што ќе ја добие паричката се верува дека ќе ја/го прати среќа во текот на годината.
- Се одржува на најблиската недела до 14-ти јануари.
19-ти јануари – Водици
- Мини продажба на печива по церемонијата на крстот.
8-ми март – Денот на жената
- Прославен со ручек исполнет со музика и танцување.
- Се одржува на најблиската недела до 8-ми март.
Март / април – Велигден
- Неделата пред Велигден, Женската секција ја подготвуваат и декорираат црквата, бојадисуваат јајца и печат велигденски погачи, Козињак.
- Присуство на богослужбите на Велики петок, организирање на цвеќиња и други донирани предмети.
- Посета на Канадско-Македонскиот дом.
Април (недела пред Велигден) – Цветници
- Ова е голем настан на Женската секција за продажба на печива подготвени од нашите членови домаќинки кои великодушно го донираат своето време и напор да помогнат овој настан да биде успешен за прибирање на финансиски средства.
Летни месеци: јуни, јули и август се генерално без настани/неактивни.
Пролет или есен: се организираат кратки, но забавни автобуски патувања надвор од градот, овозможувајќи споделување на носталгични приказни од минатото и создавање на нови заеднички искуства со сегашни и нови членови.
Лето: се организира распродажба на предмети донирани од нашата заедница.
Викендот за Ден на трудот во септември: Се одржувагодишна конвенција на Американско-канадската епархија во една од Македонските Православни Цркви во Канада или Америка.
Октомври – нашиот најисполнет месец:
- Се одржува нашата годишна модна ревија.
- Многу денови посветени за месење кифли и пита (мазник).
- Подготовка за 8-ми ноември.
8-ми ноември – Свети Димитриј (Митровден) Базар
- Нашиот базар се состои од продажба на печива и благи, вклучително и продажба на пешкири, чаршафи, прибор за домаќинство и други предмети донирани од членовите на црквата.
- Се одржува најблиската недела до 8-ми ноември.
Декември е исто така исполнет месец со подготовка и декорирање на црквата и банкет салите за претстојните празници.
8-ми декември – Патрониот ден на Свети Климент
- Се одржува банкет во саботата најблиска до 8-ми декември.
- Продажба на печива се одржува ден после банкетот (недела).
Декември – Годишна божиќна забава на Женската секција
- Ручек со музика и танцување.
- Се одржува на втората или третата недела од декември.
