Основачите на црквата „Св. Климент Охридски“ Торонто.

Македонскиот православен соборен храм „Свети Климент Охридски“ веќе 60 години е центар на Македонската заедница во Канада.

На 31 октомври 1962 година, беше формирана повелба и црковно собрание, со што практично започна изградбата на она што ќе станеше катедралната црква на Канадското седиште на Американско-Канадската Епархија на Македонската Православна Црква – духовен матријарх на десетици илјади православни Канадско-Македонци. По повеќемесечно собирање средства, во април 1964 година започнала изградбата на Свети Климент. Во една година, катедралата беше завршена. 18 април 1965 година беше ден кој православните Македонци во Канада вечно ќе го паметат – Осветувањето на Македонската православна катедрала „Свети Климент Охридски“, во Торонто.

Денес, Свети Климент не само што се грижи за духовните потреби на македонската заедница во Торонто, туку е дом на многубројни истакнати образовни, културни и добротворни друштва кои активно ја чуваат и промовираат македонската етничка и културна свест.

1962

Формирање на Собранието

1964

Започнува Изградбата

1965

Осветување на Катедралата