Eреј Сашо Целески

повеќе наскоро!

Протојереј Александар Тодоровски

Протојереј Александар Тодоровски е роден во Куманово на 31.08.1989 година во православно христијанско свештеничко семејство од татко свештеник протоереј Жико Тодоровски и мајка протопрезвитера Соња Тодоровска. Основно образование завршува во Основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово. Во учебната 2004/2005 година со благослов од Високопреосвештениот Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил се запишува во Средното Богословско училиште „Св. Климент Охридски“ во населба Драчево, Скопје. По завршувањето на средното училиште, образованието го продолжува на Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде што дипломира во 2014 година на тема: „Родителската грижа низ примерите на Новиот завет“, а веднаш после дипломирањето запишува магистарски студии на истиот факултет. Во текот на студиите е активен псалт во соборниот храм „Св. Никола“ во Куманово.

На 24.11.2013 година стапува во брак со својата избраница протопрезвитера Ивана Петковска од Куманово и во бракот на овој свет донесуваат три деца: ќерката Ангелина родена на 10.05.2015 година, синот Јован роден на 07.09.2016 година и синот Наум роден на 09.04.2022 година.

На 15.02.2014 година кога црквата го слави Господовиот празник „Сретение Господово“, во храмот „Св. Троица“ во Куманово, е ракоположен во ѓаконски чин од надлежниот митрополит Кумановско-осоговски Неговото Високопреосвештенство г. д-р Јосиф.

На 13.07.2014 е удостоен да прими свештенички чин од митрополитот г. д-р Јосиф во храмот „Св. Троица“ во Куманово.

Од 01. 09. 2014 година е поставен за времен парохиски свештеник во Пчињска парохија со матична црква „Св. Богородица“ во с. Пчиња, Куманово.

Од 20.12.2017 е поставен за времен парохиски свештеник при црквата „Св. Петка“ во Бедиње, а функцијата старешина ја извршува до 24.06.2020 година.

На 11.12.2022 година, на празникот на Светите 15 Тивериополски свештеномаченици, во црквата Св. Петка во Бедиње, е одликуван во протојерејски чин од страна на Високопреосветениот митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј.

Кон крајот на 2022 година со благослов од Високопреосветениот митрополит Григориј, а по барање на Високопреосветениот митрополит Методиј и црковната управа на соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Торонто, преминува во Американско-канадска епархија и од 01.01.2023 е поставен за парохиски свештеник.