Во текот на ноќта, Павле имаше видение: еден Македонец, стоеше пред него и го молеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“

Дела Ап 16:9

Македонија многупати се споменува во Библијата.

Првото место допрено од христијанството во Европа беше Филипи, Македонија од страна на свети апостол Павле, откако го имаше горенаведеното видение во сон во 49 година од нашата ера. Првиот човек што го прифатил христијанството во Европа била Македонка по име Лидија која живеела во Филипи, Македонија.

Христијанството се рашири низ Македонија и во 1019 г. е основана Охридската архиепископија. Светите Браќа од Солун, Кирил и Методиј, ја превеле Библијата на Глаголица за да може да ја разберат сите словенски народи кои живееле низ Јужна, Централна и Источна Европа. Македонските светци Кирил и Методиј, Свети Наум, Свети Климент и други го раширија словото Божјо низ цела Европа, достигнувајќи се до Германија и Русија.

Македонската православна црква била централна за македонскиот идентитет и култура низ вековите. Низ Македонија и на Балканот поминале многу војни и империи, вклучувајќи ги Римската, Византиската и Отоманската империја. Во почетокот на 19 век, како резултат на Балканските војни од 1912 и 1913 година, Македонија била поделена и окупирана од Грција, Бугарија, Србија и Албанија. МПЦ продолжува да биде светло-водилка преку која Македонците од сите делови на Македонија и светот се здружуваат и ја слават нашата вера и култура.