Македонскиот кугларски клуб на “Свети Климент Охридски“ е основан во 2013 година од страна на Ренди Мојсоски. Оттогаш, стотици македонски и канадски членови се имаат придружено овозможувајќи клубот да креира своја лига со многу тимови. Секоја година, сè до почетокот на пандемијата, клубот организираше настани на кои се доделуваа трофеи на најдобрите куглари и најдобриот тим за сезоната. Исто така, организирани беа голем број на турнири за одбележување на денот на македонската независност.

Секоја година, според своите можности, Клубот донира средства за помош на заедницата на Свети Климент Охридски. Активностите на Клубот продолжуваат и членовите кои се Македонци и пријатели на Македонците мора да имаат најмалку 18 години, а имаме и многу пензионери.

Доколку сакате да ни се придружите, посетете ја нашата Фејсбук страница.