Друштвото на писатели Браќа Миладиновци, гранка при М.П.Ц. Св. Климент Охридски во Торонто, е формирано на 7ми март 1987 година, од група на љубители на пишаниот збор, а по инцијатива на поетесата Вера Петревска. Својата активност ја реализира преку печатење збирки поезија и проза од своите членови, промоции на книги од ченовите и од македонски автори кои гостуваат во Торонто, со објавување македонски пишани творби на својата ФБ страна на која членуваат 650 автори, со редовни настапи на македонски манифестации во Торонто и околните гредови, со формирање и збогатување библиотеки со македонска литература во црковните општини, гостување на литературни манифестации во Македонија, како и со организирање на Денови на Македонската Литература и Култура во Торонто.

Следете не на Фејсбук!