Со благослов на Високопреосветениот Митрополит г. Методиј, Македонската младинска мрежа (МАЈНЕТ) функционира како младинска секција на Македонската Православна Црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто. Основана во 2015 година, МАЈНЕТ има за цел да изгради позитивно социјално влијание во “Свети Климент Охридски“ како и врз пошироката македонска заедница во Торонто преку ангажирање на македонската младина и зајакнување на врските помеѓу социјалните, културните и религиозните аспекти на тоа што значи да се биде Македонец. МАЈНЕТ се стреми да ја постигне оваа цел преку можноста на македонската младина да се поврзе меѓу себе, организира настани, активности и иницијативи, и активно ја промовира и зачувува македонската култура и македонската православна вера.

Денес, МАЈНЕТ продолжува да организира игранки, патувања, настани за прибирање финансиски средства, хуманитарни активности и разни други настани за македонската младина. МАЈНЕТ има блиска соработка со одборот на директори на “Свети Климент Охридски” како и со други македонски организации во заедницата со цел промовирање на кохезија.

МАЈНЕТ му се заблагодарува на парохискиот свештеник отец Сашо Целески за неговата улога како духовен водител на секцијата како и на претходниот парохиски свештеник отец Илија Донев за неговото водство во формирањето на секцијата.