Во нашето неделно училиште, ја изучуваме азбуката со најмалите деца, учиме да читаме и пишуваме, слушаме песнички и приказни, додека со поголемите работиме граматика и правилно усно и писмено изразување, раскажување, читање и творење. Темите се од нашата прекрасна Република Македонија и од секојдневниот живот. Преку игра и другарување,песна и музика, поезија и раскази, децата го изучуваат македонскиот јазик и поблиску се запознаваат со своите корени.

Учениците присуствуваат на литургија од 11 до 11:30 часот каде се причестуваат и ја слушаат беседата.

По пауза за ужина, нашите студенти се враќаат во училницата од 11:30 до 12 часот на проучување на Библијата, каде што истражуваат теми од нашата православна вера.

Учениците од Неделното училиште активно земаат учество во сите Културни манифестации и религиозно-верски активности во црквата. Подготвуваме приредби по повод Патрониот празник на црквата Св.Климент Охридски, Христовото раѓање -Божиќ, Воскресението на Господ Исус Христос -Велигден, Денови на Македонската литература и култура и Годишна приредба по повод завршувањето на учебната година.