Откриена нова фасада на Македонската православна катедрала „Свети Климент Охридски“

Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ извршила неверојатна трансформација со поставување на четири извонредни фрески на нејзината препознатливa фасада. Изработени од маестралната рака на иконографот Глигор Стефанов од Stefanov Icons Studio, иконите на Мајката Божја, нашиот Господ Исус Христос и златнен православен крст сега ја красат надворешноста, прекрасно комбинирајќи ја уметноста со духовната величественост. Во знак на почит кон заштитникот на катедралата, Свети Климент Охридски, икона со неговиот лик сега ја надгледува Overlea Blvd. потсетувајќи сите кои поминуваат покрај него на неговото мудрост и духовно просветлување.

Од името на нашите парохиски свештеници о. Сашо Целески и о. Александар Тодоровски, претседателот на црквата г. Борис Стоикос и црковниот управен одбор, сакаме да упатиме најискрена благодарност до Stefanov Icons Studio и нашите дарители што го овозможија ова дополнување. Ја изразуваме нашата благодарност и до г-дин Митко Ростанковски, кој го предводеше проектот од замислување до финализирање. Им благодариме и на Миле, Емили, Христа и Боре за нивната поддршка во текот на целиот процес.

Се надеваме дека ревитализираната фасада стои како светилник на верата, симболизирајќи ја трајната моќ и духовната убавина на православната христијанска вера и на нашето македонско културно наследство.