Св. Климент Охридски – Јубилеј од 60 години

Македонската православна црква, Епархиски соборен храм „Св. Климент Охридски“, го одбележува 60-годишниот јубилеј од неговото осветување – жив сведок на верата и истрајноста на македонскиот народ во Канада.
OД 5 ДО 7 СЕПТЕМВРИ 2025 ГОДИНА, нашата црковна заедница го прослави големиот јубилеј – 60 години од осветувањето на катедралата во 1965 година. Прославите беа исполнети со богослужби, признанија, културни настани и посета од високи гости на нашата Света Црква од Македонија. Особена чест ни беше присуството на Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-Канадски г. Методиј, придружени од протоѓакон Александар Димитријов и отец Даниел Јовановски, шеф на кабинетот на Архиепископот.
Петок, 5 септември — Оддавање чест на нашите лидери: Свечена академија и младинска игранка
Прославите започнаа со приватна свечена академија, посветена на оддавање признание на поранешните претседатели, поранешните претседателки на Женската секција, како и поранешните свештеници чија служба ја обликуваше црквата низ шест децении. Програмата ја водеа претседателот Борис Стоикос и потпретседателот Христијан Роштанковски, кои ги поздравија присутните и ја истакнаа важноста на признавањата.

Секој жив поранешен претседател и свештеник беше повикан и честуван поединечно, додека семејствата на починатите лидери ја примија благодарноста во нивно име — обезбедувајќи дека нивниот труд и посветеност никогаш нема да бидат заборавени. Посебен комеморативен сегмент беше подготвен во чест на сите членови и волонтери кои, низ децениите, со својата жртва, труд и љубов го изградија духовниот и заедничкиот живот на Св. Климент. Со него беше нагласено дека нашата црква е изградена од трудот на илјадници верници – основачи, ктитори, хористи, наставници, готвачи, волонтери, донатори и сите оние кои тивко придонеле за нејзиното постоење и напредок.
Вечерта заврши со традиционални македонски песни во изведба на Мирко, Џоле и Љупчо, кои создадоа топла атмосфера на благодарност и сеќавање.
Истата вечер беше одбележан и јубилејот на Македонската Младинска Мрежа (MYNET) – младинската гранка при Св. Климент – која прослави 10 години од основањето во 2015 година. Во долната сала беше организирана младинска прослава со македонска музика и DJ Christian.
Сабота, 6 септември — Централна свечена гала и откривање на плочата
Главниот настан од викендот беше јубилејната свечена гала, која започна со вечерна богослужба со Архиепископот Стефан и Митрополитот Методиј. Големата сала на катедралата беше преобразена во свечен и елегантен простор, соодветен за овој историски настан.
Програмата, предводена од Христјан Ростанковски и Христина Вељановска, започна со интонирање на канадската и македонската химна од црковниот хор, по што следуваше музички настап со Неделното училиште.

Катедралата упати свечено добредојде на:
- Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан
- Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Методиј
- Отец Даниел Јовановски, шеф на Кабинетот
- Протоѓакон Александар Димитријов
- Протоереј-ставрофор Синиша Ристовска, намесник на Канадското намесништво, со презвитера Љубица
- Парохиските свештеници на Св. Климент, отец Сашо Целески и отец Александар Тодоровски, со своите семејства
- Претседателот на црковниот одбор, г. Борис Стоикос и неговата сопруга Лора
- Епархискиот делегат на Св. Климент, г. Митко Роштанковски и неговата сопруга Виолета
- Потпретседателот на Епархискиот управен одбор, г. Васко Недановски и неговата сопруга Љубинка
- Претставници од македонските православни цркви во околината на Торонто, Детроит и Њу Џерси
- Ансамблот „Македонка“, по нивниот успешен настап на 51-от црковно-народен собир
- Фудбалскиот тим на Св. Климент, годинешни епархијски шампиони
Говори одржаа претседателот Борис Стоикос, отец Сашо Целески, митрополитот Методиј и архиепископот Стефан, кои се осврнаа на шестдеценијата духовен, културен и заеднички раст на црквата.
Посебен момент беше доделувањето на високото одликување „Архиепископ Доситеј“ на Епархискиот соборен храм „Св. Климент Охридски“ – Торонто, признание кое го потврдува нејзиното историско значење како прва македонска православна црква во Канада, духовен дом на илјадници Македонци и најстара македонска православна црква во Северна Америка која непрекинато функционира во својата оригинална градба.

На свеченоста беше откриена и големата бронзена спомен-плоча во чест на основачите, свештениците и владиците, хоровите, волонтерите, донаторите, поддржувачите и верниот народ кои го изградија храмот од 1965 до 2025 година. Плочата ќе биде поставена во ходникот на црквата како траен сведок на жртвата и љубовта на нашата заедница.

Прославата продолжи со настапи на ансамблот „Македонка“, црковниот хор, учениците од Неделното училиште, а вечерната забава ја продолжи Душко Петковски.
Недела, 7 септември — Архиерејска Литургија и завршеток на јубилејот
Јубилејот заврши со Архиерејска Божествена Литургија, отслужена од Архиепископот Стефан и Митрополитот Методиј, во сослужение со свештеници од околината на Торонто, Детроит и Њу Џерси. За време на Литургијата, отец Сашо Целески беше произведен во чин протојереј, што претставуваше трогателен момент за целата заедница.

Потоа беше отслужен помен за сите починати основачи, волонтери, претседатели, претседателки на Женската секција и свештеници— темелот врз кој е изграден денешниот духовен дом.
Прослава што ги спојува минатото и иднината
Управата на Епархискиот соборен храм „Св. Климент Охридски“ изразува длабока благодарност до сите што присуствуваа, помогнаа и учествуваа во јубилејните прослави. Особена благодарност упатуваме до волонтерите, организацискиот одбор, донаторите, свештениците, изведувачите и целата заедница за нивната пожртвуваност и труд.
Со Божја помош и нашето заедничко единство, веруваме дека допрва ќе славиме многу нови јубилеи и успеси на нашата црква.









































































































































































































































































































































































