Хавајската Мироточива Икона на Мајката Божја

Пренесено од https://www.ohiia.org/

Во Јуни, 2008 год., мироточивата Иверско-Хавајска Икона на Пресвета Богородица беше официјално прогласена и признаена за чудотворна и мироточива Икона од Руската Задгранична Црква, и достојна за почитување. За истата беше даден благослов да патува во различни цркви и манастири низ православниот свет. Руската православна Црква, како првичен “сопственик,” иконофорос/чувар на мироточивата икона го назначи ипоѓаконот Нектариј за тој да ја чува безбедно, да се грижи за оваа чудотворна икона на Христовата Црква.

 Иверско-Хавајската мироточива икона на Пресвета Богородица патува и ја носи Божјата благодат на различни места. Од Јуни, 2008 год., мироточивата икона има посетено над 1000 цркви во Северна Америка и пред истата се имаат поклонето над еден милион луѓе низ Америка и Канада. Во многу градови, светата икона е носена од една црква во друга, пред која што се имаат поклонето многу православни клирици, помагајќи да ја закајнат верата кај православните. Неколку држави како Русија, Украина, Грција, Кипар, Јужна Америка, Европа, Светата Земја, Романија, Света Гора и Србија писмено побараа да мироточивата икона ги посети и да верниците се поклонат пред Нејзиниот свет лик. Кога во 2014, светата икона беше однесена во Грузија по барање на Патријархот Илија 2ри, преку милион верници се поклонија пред “Хавајската Богородица.” Бројни чуда меѓу кои и исцеленија од рак, беа забележани од Грузиската патријаршија.

Многубројни чуда се припишуваат на Пресвета Богородица преку Нејзината “мала скромна икона,” за кои што се знаат и се запишани. Физички и духовни исцеленија, исцелување на слепи, болни од рак, демоно-опседнати, луѓе со парализа, болести на бубрезите, хронично болни…

Згора на тоа, каде и да оди светата Икона, благодатта на нашиот Господ Исус Христос и Неговата Света Мајка, изобилуваат. Многумина кои што се имаат поклонето пред оваа света Икона, подоцна рекоа дека со тоа што само биле присутни до Иконата, почувствувале изобилство на љубов на радост. Тоа е навистина неописливо. Ние сме навистина благословени со тоа што Бог ја покажа Својата љубов кон нас, овозможувајќи ни мало воздржување од она кое што светителите го нарекуваа “вистински мирис на светоста.” Вистинското значење на појавувањето на оваа света Икона е познато само на Бога. Времето ги открива сите нешта. Сепак, ова што го знаеме е Бог нè љуби. И тоа е сè она што е важно за нас… “

Similar Posts