Нашата црковна заедница е изградена од многу трудољубиви и благочестиви македонски православни христијани.

Црковните членови потекнуваат од Торонто и околината, а нивниот број расте (се зголемува) од 1962 година, кога првично е формирана црковната општина „Свети Климент Охридски“.

Доколку сакате да станете член на нашата црковна општина, ве молиме преземете го и испечатете го формуларот за апликација за членство и пополнете го, а истиот треба да биде потврден и потпишан од 2 сегашни членови. Пополнетата апликација можете да ја донесете во канцеларијата на црквата „Св. Климент“ за понатамошна обработка заедно со вашата годишна претплата; можете да ни го испратите по е-маил, или можете да се јавите во канцеларијата на црквата за повеќе информации.